Нарко – милиони испрале во банки

Криминални групи успеале со помош на дупка во законот, да исперат до пет милиони долари од продажба на дрога, соопштено е во доверливи материјали на федералните и државните агенции за заштита на законот.

Синдикатот на полицијата нема да се противи на воведување соба за корисници на хероин

Синдикатот на полицијата нема да се противи на предложеното пилотирање (тест период) на соба за сигурно инјектирање/вбризгување хероин во Мелбурн, затоа што службенците на полицијата често пати се тие кои ги „собираат деловите" кога луѓето умираат од предозирање.

Пензионерите зависни од исплатата од Центрелинк

И покрај 25 годишниот задолжителен доприност за суперпензиските фондови за вработените, неверојатен процент од околу 80 одсто луѓе кои одат во пензија, барем во еден дел зависат од социјалната надокнада.

„Кредити за лажговци“ - закана за економијата

Што се однесува до австралиските станбени кредити и пазарот, има многу прогнози, но само неколку од нив се позитивни.

Новиот есенски грип “Мичиген” во Австралија зеде 52 жртви

Во претстојната есенско-зимска сезона се очекува пандемијата грип наречена "Калифорнија", попозната како свински грип да биде поместена од новиот вирус – "Мичиген" (тип А), изолиран за прв пат во 2015 година, пишува бугарски "Труд".

Сенаторката Хенсон повика на референдумско изјаснување за носењето бурка

Полин Хенсон побара да се одржи референдум, на кој народот ќе се изјасни дали да се забрани носењето бурка, нарекувајќи ја Австралија „патетична" поради откажувањето од своите вредности за да ја дозволи муслиманската облека.

Сиднејската полиција во 1987 година укажа на Трамповите врски со мафијата

Проектот на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп за градење и водење на првото казино во Сиднеј пред 30 години пропаднал поради „врските со мафијата", неговиот конзорциум, се наведува во документите кои неодамна се објавија во Австралија.

Дали коалицијата ја враќа довербата на гласачите?

Како што се доближува втората годишница од заминувањето на Тони Абот од местото прајминистер, владата на Малком Турнбул освојува се поголем број поени во анкетите на јавно мислење, но повеќето од јавноста и понатаму стои зад лабуристите.

Трамп со Tурнбул: Не е време за разговори со Пјонгјанг

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со британскиот и австралискиот премиер и кинескиот претседател изјави дека не е време за разговори со Северна Кореја, како и дека сите опции се отворени за одбрана на САД и нејзините сојузници, соопшти Белата куќа.

Владата одлучи да ја зајакне одбраната по заканата од Северна Кореја

Се разгледува можноста да се унапредат одбранбените способности на морнарицата за да можат да уништуваат интерконтинентални ракети, најави министерот за одбрана, Кристофeр Пајн, откога Северна Кореја лансира ракета над Јапонија.