Пронајден „Ендеавор“, истражувачкиот брод на Џејмс Kук

Истражувачи веруваат дека кај островот Род на истокот од американскиот континент ги пронашле остатоците од „Ендеавор”, бродот на славниот британски истражувач и морепловец, капетан Џејмс Kук, со кој тој допловил до Австралија.

Оваа информација ја објави агенцијата за подводни археолошки истражувања на островот. Веруваат дека се „од 80 до 100 отсто сигурни” дека се работи за бродот „Ендеавор”, кој подоцна е преименуван во „Лорд Сендвич”.
Истражувачите тврдат дека руината на бродот е на дното на заливот Њупорт, каде што бил потопен за време на американската војна за независност, во битка помеѓу британските сили и американските револуционери во 1778 година. Во најзначајните истражувачки подвизи на капетанот Kук спаѓаат трите главни патувања преку Тихиот Океан, за чие време се откриени и утврдени неговите брегови. Kапетанот Kук, меѓу останатото, изработувал и мапи на светот.
Се смета дека Kук со своите истражувања придонел за британската империја многу повеќе од сите војни што ги водела низ историјата. За време на третото патување на Пацификот во 1779 година Kук бил убиен во битка со домородци од Хаваи.
Американските научници мислат дека во близина на брегот на Нова Англија ги откриле остатоците од легендарниот брод „Endavour” на славниот британски морепловец и истражувач Џејмс Кук со кој тој допловил до Австралија.
Експертите од Проектот за подводна археологија на Род Ајланд (Rimap) сметаат дека остатоците од „Endavour” се наоѓаат на дното од Заливот Њупорт, на североистокот од САД, каде што е потопен за време на Американската војна за независност од британската доминација.
Досега проектот Rimap идентификувал девет подводни локации на коишто лежат остатоците од вкупно 13 бродови потопени во пристаништето на Њупорт во текот ба битката за Род Ајленд меѓу британските сили и американските востаници во 1778 година. Историските документи покажуваат дека меѓу нив се наоѓа и бродот со име „Lord Sandwich”, кое било новото име коешто го добил „Endavour” по враќањето од Пацификот.
„Тоа значи дека веројатноста е од 80 до 100 проценти дека ‘Lord Sandwich’ и натаму е на дното од пристаниш­тето. А бидејќи ‘Lord Sandwich’ бил ‘Endavour’ на капетанот Џејмс Кук, тоа значи дека е пронајден истражувачкиот брод на славниот морепловец”, соопштија од Rimap.
Организацијата како прв чекор ќе изгради специјален хангар во пристаништето Њу­порт, за да се создаде простор во кој ќе се сместат предметите кои ќе бидат извадени на површината од останките преку научниците ќе настојуваат да го идентификуваат секој потопен брод.
„Сите 13 бродови загубени кај Њупорт се важни за американската историја, но во Австралија ќе има национална прослава кога Rimap ќе го идентификува ‘En­de­a­vour'”, велат уште од споменатиот проект.
Британскиот морепловец, истражувач и карторгаф Џејмс Кук испловил од Англија во 1768 година и пловејќи околу ‘Ртот Хорн стигнал до Тахити, Нов Зеланд и Австралија. Ги истражил и мапирал нивните брегови и ги прогласил за посед на британската круна. Во текот на своето трето патување на Пацификот, Кук во 1779 година е убиен во борба со домородното население на Хаваи.
По првото враќањето на Кук од пловењето по Тихиот Океан во 1772 година, бродот „Endeavour” три години стоел во пристаниште, а потоа е продан на приватна фирма и е преименуван во „Lord Sandwich”. Во текот на Американската воја за независност бил изнајмен како транспортен брод за пренесување на британските војници.

Останати вести