Ветувања, ветувања: Владата е определена да го негува и унапредува македонскиот јазик

Ветувања, ветувања: Владата е определена да го негува и унапредува македонскиот јазик

Новата Влада искрено и силно е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик,...

Регистриран е радиоактивен облак на Европа, нуклеарен инцидент во Русија или Казахстан од септември

Регистриран е радиоактивен облак на Европа, нуклеарен инцидент во Русија или Казахстан од септември

Радиоактивен облак над Европа во изминатите неколку недели навестува дека се случила несреќа во...

One Nation - клучна на изборите во Квинсленд

One Nation - клучна на изборите во Квинсленд

За Полин Хенсон, ли­дер­ката на пар­тија One Nation, ова е можеби почеток на врвот на нејзината...

  • Ветувања, ветувања: Владата е определена да го негува и унапредува македонскиот јазик

    Ветувања, ветувања: Владата е определена да го негува и унапредува македонскиот јазик

  • Регистриран е радиоактивен облак на Европа, нуклеарен инцидент во Русија или Казахстан од септември

    Регистриран е радиоактивен облак на Европа, нуклеарен инцидент во Русија или Казахстан од септември

  • One Nation - клучна на изборите во Квинсленд

    One Nation - клучна на изборите во Квинсленд

Слобода за Кежаровски

1.
Новинарот Томислав Кежаровски е зад решетки по полициската акција која се случи кон крајот на мај оваа година.   Обвинителство нашло вина кај новинарот со тоа што, наводно, го открил идентитетот на заштитениот сведок.

Во два  броја на магазинот во 20 ноември 2008 година, тој го открил идентитетот на сведокот со псевдоним "Бреза",  за случајот "Ореше" и објавил текст со наслов "МВР се 'крсти' во разбојници", а на 4 декември текст со наслов: "Случајот 'Ореше' добива нова димензија".
Кежаровски во своја одбрана изјави дека предметните текстови не биле напишани со цел да се открие нечиј идентитет, туку за да укаже на недоследности и на негативни случувања во државните институции.
Дека некој се изживува од позиција на власт е очигледно, и запрепастува судското мислење дека може Кежаровски да повлијае на сведоците  за текст објавен одамна, во 2008-ма.
Уште колку време треба да лежи во затвор, и што ќе добие после од тоа извинување кое бездруго ќе му се понуди како сатисфакција?
Треба да се бара одговорност од судијата и обвинителството, впрочем каква е разликата од диктаторски систем и ваква демократија? Изгледа никаква.
Во меѓувреме, нема да изостанат апсењата на новинари, нивни мистериозни загинувања, како Никола Младенов, судењата на политичките противници како Љубе Бошкоски, лустрацијата на интелектуалата, со еден збор: сите тие режимски занимации за вниманието да не се свртува кон сиромаштијата или кон владините неуспеси.
Не случајно сега почна да се кажува дека кога нов затвореник доаѓа во ќелија  таму веднаш го прашуваат:
- На колку те осудија?
- На петнаесет години.
- За што?
- За ништо!
- Нема шанси, за ништо даваат само десет години.

2.
Одекна немирот што го предизвика поставувањето на темелите за параклисот посветен на свети Димитрија во струшкото село Октиси. Тој  остана  неосветени бидејќи поголема група жители од исламска вероисповед ја попречија градбата. Тие категорично се спротивставуваа на подигнувањето христијански храм во нивната близина, а полициските сили во текот на целиот ден ги раздвојуваа двете групи за да се спречи избувнувањето посериозни инциденти.
Во ова струшко село, со околу 3.000 - 4.000 жители, главно живеат жители од исламска вероисповед но и поголем број христијани.
Страстите во селото почнале да се вжештуваат кога од селската џамија двајца оџи ги повикале исламските верници да се спротивстават. Еден од нив преку разгласувањето на минарето од селската џамија, зборувајќи на македонски јазик, го повикал целото муслиманско население на селото Октиси да излезе на улица, да ги спречи градбата на црквата и осветувањето на темелите.
Иронијата во оваа приказна е следната: во Лабуништа, Октиси и Подгорци, народот не знае друг јазик освен македонски и таму до 1981 година луѓето се декларирале за Македонци.  Од 1994 започнува голем  процес на албанизирање. Прашање е што се случило истите тие да бидат толку налутени и денеска да се кажуваат за Албанци, а преку 90 проценти до ден денешен не знаат друг јазик освен македонскиот?

3.
Последните  истражувања  на јавното мислење во Австралија покажуваат постојано опаѓање на поддршката за Лабуристичката партија. Според параметрите што ги објави Нилсен, опозициската коалиција води со шест поени, односно 53 спрема 47 отсто.
Ако овие бројки се распоредат рамномерно во целата земја на денот на изборите, според прогнозите, актуелната власт ќе изгуби 10 места.
Најжешка точка на овие избори ќе биде економијата и како да се одржи просперитетот.