One Nation - клучна на изборите во Квинсленд

За Полин Хенсон, ли­дер­ката на пар­тија One Nation, ова е можеби почеток на врвот на нејзината политичка кариера, а анкетите покажуваат оти е на патот да стане клучна личност на државните избори во Квинсленд и да одлучи кој ќе стане премиер.

Став за напуштање на претставниците на домородците

Прајминистерот Малколм Турнбул застана во одбрана на одлуката на неговата влада да го напушти уставно дефинираниот глас на домородците во парламентот, велејќи дека тоа е спротивно на принципот на еднаквост.

Австралија не сака Нов Зеланд да прима мигранти од Манус и Науру

Австралија во неделата ја отфрли понудата на Нов Зеланд да прими 150 мигранти, кои се наоѓаат во контраверзните кампови на Пацификот, по кризата предизвикана од затворањето на прифатниот центар во Папуа Нова Гвинеја.

Со затворањето на австралискиот камп на барателите на азил во Папуа Нова Гвинеја се стравува од опсада

Стотици баратели на азил одбиваат да го напуштат австралискиот казнено-поправен камп во Папуа Нова Гвинеја што властите го затворија во вторникот, стравувајќи за нивната безбедност, и покрај тоа што веќе се прекинати дотокот на храна, вода и електрична енергија, пренесе АФП.

Владата го загуби мнозинството во парламентот, причината е малку необична

Врховниот суд пресуди дека потпретседателот на владата, Барнаби Џојс, не може да биде пратеник во парламентот поради двојното државјанство, што владата ја чинеше парламентарно мнозинство.

За се се виновни лошите вакцини?

Австралија ја доживеа најлошата сезона на грип во историјата, поради лоши вакцини, предупредуваат докторите.

Преселување во новиот стадион во Перт следната година

AFL се сложи со преселувањето на новиот стадион во Перт идната година, со што ќе се напушти стадионот Domain во Subiac.

Џули Бишоп именувана за заменик прајминистер на Австралија

Австралискиот прајминистерот Малколм Турнбул ја именуваше министерката за надворешни работи Џули Бишоп за вршител на должност прајминистер на Австралија, која таа ќе ја извршува додека трае неговата посета на Израел.

Австралија се поблиску до легализација на еутаназија на луѓе

Австралија презеде чекор кон легализација на доброволна еутаназија, 20 години откога го поништи првиот закон за одобрување убиство од милост.

Британскиот нуклеарен тест Тотем 1 во Австралија (1953.)

Од 1952. до 1963. година, Велика Британија тестирала атомско оружје во Маралинга и Ему низините во Јужна Австралија и околу западноавстралиските острови Монте Бело, со дозвола на австралиската влада.