Трамп со Tурнбул: Не е време за разговори со Пјонгјанг

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со британскиот и австралискиот премиер и кинескиот претседател изјави дека не е време за разговори со Северна Кореја, како и дека сите опции се отворени за одбрана на САД и нејзините сојузници, соопшти Белата куќа.

Трамп и британската премиерка Тереза Меј се согласија да продолжат да работат на дипломатски и економски притисок врз Пјонгјанг, додека со австралискиот прајминистер Малком Турнбул разговорот бил насочен кон денуклеаризација на Северна Кореја.
„Кина е фокусирана на решавање на нуклеарното прашање на Корејскиот Полуостров по пат на разговори и мирни средства", изјави кинескиот претседател Си Џинпинг во разговорот со Трамп.
Северна Кореја на трети септември ја изврши шестата и најсилна нуклеарна проба, детонирајќи унапредена хидрогенска бомба за ракета со голем дострел.