Дали коалицијата ја враќа довербата на гласачите?

Како што се доближува втората годишница од заминувањето на Тони Абот од местото прајминистер, владата на Малком Турнбул освојува се поголем број поени во анкетите на јавно мислење, но повеќето од јавноста и понатаму стои зад лабуристите.

Од овие две партии, Коалицијата на либералите и националната партија забележа пораст на 47 одсто, а лабуристите се наоѓаат со победничка предност од 53 одсто, покажа последната анкета на Newspoll објавена во Australian, ова е намалување за 1 процент од претходните 46 со 54 одсто во корист за опозицијата. Турнбул го замени на местото прајминистер Абот во септемри 2015 година, тврдејќи во тоа време дека загубата на наклоноста на гласачите во 30 последователни анкети на јавно мислење е дел од неговиот начин да се оправда кај гласачите. Новата анкета на Newspoll е 19-та по ред во која лабуристите водат пред владата. Забележан е и напредок во наклонетоста на примарното гласачко тело пред поделба на преференциите. Коалицијата забележа пораст за поен и се наоѓа на 37 одсто, додека лабуристите останаа на 38 одсто. Покрај недостатокот на јавната поддршка, Малком Турнбул и понатаму е посакуван премиер со 46 наспрема лидерот на опозицијата Бил Шортен кој има поддршка од 29 одсто од гласачите.