Сиднејската полиција во 1987 година укажа на Трамповите врски со мафијата

Проектот на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп за градење и водење на првото казино во Сиднеј пред 30 години пропаднал поради „врските со мафијата", неговиот конзорциум, се наведува во документите кои неодамна се објавија во Австралија.

Трамп во 1987 година сакал да склучи договор со корпорацијата Керн, но полиција препорачала тие да се исклучат од постапката. Трамп во тоа време водел две казина во Атлантик Сити, Трамп плаза и Трамп касл. „Атлантик Сити би бил многу сомнителен пример за Сиднеј и по наше мислење врските на Трамп со мафијата треба да го дисквалификуваат конзорциумот Керн/Трамп" - оценила полицијата на Нов Јужен Велс во извештај од 3 април 1987 година. Тој став е изнесен на состанок на владата на оваа држава во мај истата година. Документите се објавени откога од нив е симната ознаката доверливо, по 30 години и така е потврдена информацијата која минатиот месец ја објави весникот Аустрелијан. Не е изнесен ниту еден детал за наводните врски со мафијата. Полицијата тогаш изразила резерви кон три од четири понудувачи, меѓу кои и конзорциумот Макао Сиднеј од Хонг Конг, поради нивната „поврзаност со кинеската Тријада." Проектот казина на крај е напуштен.