Албанец осуден во Квинсленд за организирање терористички напад

Австралиец со албанско потекло од Квинсленд, е осуден на 17 години затвор поради планирање самоубиствен напад на територијата на Австралија.

Се спојуваат медиумските гиганти Nine и Fairfax

Австралиските медиумски гиганти Nine Entertainment и Fairfax се договорија да се спојат во една компанија и на тој начин, како што велат, ќе станат најголемиот национален медиумски играч, пишува BBC.

Трговијата и данокот на дневен ред

Оданочувањето на мулитнационалните гиганти и борбата против притисокот за поставување трговски препреки ќе се најдат на дневниот ред на Scott Morrison на состанокот на министри на државите членки на G20.

На дневниот ред се најдоа здравјето и поддршката за пензионерите

Лидерот на опозицијата Бил Шортен ги стави здравјето и поддршката на пензионерите на дневен ред на лабуристите и тоа само неколку денови пред дополнителните избори.

Лабуристичкиот план е црна дупка тешка $20 милијарди долари

Во планот на федералната опозиција за двата желенички проекти во западниот дел на Сиднеј се наоѓа црна дупка вредна $20 милијарди, вели владата на Турнбул.

Сеќавање на историската битка во Првата светска војна

Битката за Хамел за време на Првата светска војна била една од клучните битки во австралиската воена историја и која го запечатила угледот на генералот John Monash.

Илегален ланец за криумчарење тутун

Илегална операција на криумчарење тутун во центарот на источното предградие на Мелбурн е откриена со истрага на пограничната полиција (Au­stra­lian Border Force - ABF). Над милион цигари во пратка од Малезија се откриени од Одделот за преглед на контејнери во Мелбурн, а ABF ги поврзува со уште пет пратки од истиот криумчарен ланец.

На Медиќ му се заканува смрт во затвор

Сиднејскиот тајкун со хрватско потекло Рон Медиќ (70) веројатно ќе умре во затвор откако е осуден на најмалку 30 години затвор поради нарачување ликвидација на бизнис конкурент и закана кон неговата вдовица.

Австралија купува од САД шест дронови за вртоглави 6 милијадри долари

Австралискиот премиер потврди дека Австралија ќе купи шест американски напредни дронови за кои што ќе потроши 6 милијарди долари.

ExxonMobil планира увоз на плин во Австралија

Најголемиот извозник на плин во југо-источна Австралија, американската корпорација ExxonMobil Corp, ја разгледува можноста за увоз на LNG плинот во Австралија, за да и помогнат да го преброди веројатниот дефицит на плин до 2021 година, но и да го заштити својот удел на плинскиот пазар.