Wayne Swan стана претседатeл на Лабуристичката партија

Поранешниот федерален благајник Wayne Swan е избран за нов национален претседател на Австралиската лабуристичка партија.

Намалување на данокот на личен доход

Министерот Scott Morrison одлучи да ги подели или дополни плановите за намалување на данокот на личен доход или намалување на данокот за копаниите за да се олесни преминот на овие предлози низ процедурата во Сенатот.

Продолжен е рокот на примена на попустот на данок на плати

Министерката за финансии на Квинсленд, Jackie Trad изјави дека попустот на плати од 50 отсто ќе биде продолжен на уште една година.

Правосудна битка на Милорад Тркуља со Гугл

Врховниот суд на Австралија одлучи дека жител на Мелбурн, Милорад Тркуља има право да го тужи Гугл за клевета затоа што негова фотографија се појавува кога некој пребарува на Интернет за криминалното подземје на Мелбурн.

Од свештениците се бара да имаат законска обврска за „откривање на исповедните тајни“

За верниците на римокатоличката Црква во целиот свет поимот „исповедни тајни" е особено важен и значи нешто што никогаш не смее да се открие.

Силувал и убил 6 годишно девојче, во затвор го чекала казната

74 годишниот Грегори Кит Дејвис пред 33 години го силувал и убил 6 годишното девојче Кајли Мејбури. 32 години полицијата трагала по убиецот на Кајли, но минатата година конечно го пронашла виновникот.

Канбера бара објаснување од „Фејсбук“ за доставувањето податоци на кинески компании

Австралискиот премиер Малколм Трнбул го повика основачот и извршен директор на „Фејсбук", Марк Закерберг да даде објаснување во врска со најновиот скандал со дотавување на лични податоци на корисниците на социјалната мрежа на кинески компании.

Владата му честиташе на AUSTRAC за казнувањето на CBA

Спогодбата вредна $700 милиони меѓу агенцијата за финансиски информации AUSTRAC и Комонвелт банката на Австралија поради перење пари ја поздрави и федералната владата.

Коалите исчезнуваат поради сексуално пренослива болест

Една од главните причини зошто изумираат австралиските коали е инфекција од бактеријата кламидија. Тоа е болест која најчесто се пренесува преку сексуален контакт, но овие животинчиња ги погодува во размер на епидемија.

Медицинските сестри повикуваат на промени на размерот пациенти - сестри

Медицинските сестри и вработени кои се грижат за стари лица се собраа во Мелбурн повикувајќи се на закони со кои би се одредил минималниот удел на вработените во приватните домови за стари и немоќни.