Жртви на политичките промени се партијата на Зелените и Зенофон

Австралијците им свртија грб на помалите партии и поединци во политиката кои се отфрлени на трите избори во последните три недели. Отфрлените жртви се Nick Xenophon, Jacqui Lambie, Cory Bernardi и Richard Di Natale.

Почетокот на есента донесе пожари во Викторија и НЈВ

Пожари опустошија заедници низ Викторија и Нов Јужен Велс, се верува дека над 80 куќи се уништени. Се стравува дека во катастрофалниот пожар во јужниот крајбрежен град Татра во Нов Јужен Велс од оганот биле оштетени едно училиште и 70 куќи.

Барнаби Џојс не знае дали тој е таткото на детето кое го носи неговата партнерка

Заменикот на австралискиот прајминистер кој поднесе оставка поради сексуална врска со гласноговорничка, изјави дека не е сигурен дали детето кое го носи неговата партнерка е негово.

Националната амнестија резултираше со предавање на 57.000 парчиња огнено оружје

Шокантен извештај откри дека Австралијците на полицијата за само три месеци и предале над 57.000 парчиња илегално огнено оружје.

Смртни случаи поврзани со конзумирање диња

Уште едно лице почина, а други пет се разболеа од листериоза по конзумирање диња, што резултираше со дополнителни предупредувања дека ова овошје не треба да се конзумира.

Мајка пронашла змија отровница во кутијата за ручек на својот син

Човек кој се занимава со ловење змии кажува дека е нормално во овој период од годината да излегуваат змиите, но сите повици кои тој ги добива се поврзани со еден ист вид.

Загриженост поради новиот заменик прајминистер

По повлекување на неговиот главен противник, Michael McCrmack стана нов заменик прајминистер. Но, постојат коментари од кои не може да побегне.

Благодарение на Израел осуетен терористички напад во Австралија

Израелските безбедносни служби помогнале во спречување терористички напад лани во Австралија. Џихадисти планирале да разнесат патнички авион, но во јули 2017 година биле уапсени во операција на австралиската полиција.

Циклонот Келвин со обилни дождови, ветер и поплави

Делови на Западна Австралија ги погоди циклон од втора категорија наречен Келвин. Тропската бура Келвин помина низ брегот на Западна Австралија во близна на Anna Plains Station околку 250 км јужно од Брум, категоризирана како бура од втора категорија.

Барнаби Џојс поднесе оставка поради сексуални обвиненија

Заменик-прајминистерот и министер за инфраструктура Барнаби Џојс поднесе оставка поради обвиненија дека сексуално вознемирувал жена.