Светот е обземен од пандемијата на коронавирус. За тоа зошто има толку многу починати во Италија, како се развива вакцината и како да се заштитите себеси зборува претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ. Изолацијата е солидарност, не се бориме против луѓе, се бориме против вирус што не можеме да го видиме, вели таа во интервју за руска РБК.
Епидемијата на коронавирусот (конкретно COVID-19) во претходниве денови доживеа голем скок. Бројката на смртни случаи од коронавирус во континентална Кина порасна на 1.868 лица, со што бројот на заразени се искачи на 72.436 лица - објави Националната здравствена комисија на оваа земја.
Иднината на Италија е загрозена поради пад на наталитетот, предупреди претседателот Серџо Матарела по објавата на националната агенција за статистика ИСТАТ за падот на бројот на населението во 2019 година.
Претседателите на Србија и на Косово сведочеа на потпишувањето договор за намера за обнова на железничкиот сообраќај меѓу двете земји и за завршување на автопатот меѓу Белград и Приштина.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека официјалното име на болеста предизвикана од новиот коронавирус е КОВИД-19.
Епидемијата на САРС во 2002-2003, која исто така почна во Кина, уби 774 луѓе низ целиот свет. Од новиот коронавирус досега починаа 811 луѓе, главно во континентална Кина.
Бројот на луѓето за кои е потврдено дека се заразени во континентална Кина е 37.198. Вкупната бројка на заразени низ светот е околу 37.500.
Кинески научници сметаат дека смртоносниот коронавирус можеби се пренесол од лилјаци на луѓе преку илегалната трговија на лушпести мравојади, единствениот лушпест цицач на светот, кој високо се цени во Азија во исхраната и медицината.
Претседателката на француската десничарска партија Национално собрание, Марин Ле Пен, рече дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е враќање на слободата и дека тој настан е неуспех за Брисел.
Еден маж што се вратил од Кина во Австралија е ставен во карантин откако се пожалил на симптоми на корона вирусот и тој е во карантин во Бризбен.
Мажот неодамна се вратил од кинескиот град Вухан, каде се регистрирани најголем број случаи на воспаление на белите дробови. Испитувањето треба да покаже дали тој се инфицирал или не од корона вирусот.
Балканците живеат во гасна комора, покажува најновиот извештај на "Глобалната алијанса за здравје и загадување".