Ако јадете мрсна храна треба да пиете сок од цитрон

Ако сте љубители на мрсна храна, истовремено треба да пиете сок од цитрон, бидејќи на тој начин ќе ги намалите шансите за дебелеење за пет пати.

Пектинот кој го содржи цитронот ја намалува апсорпцијата на маснотиите од храната и на тој начин телото веднаш ги исфрла од телото.

Сокот од цитрон веќе подолго време е познат како сојузник на витката линија, а новото истражување на едно училиште од Калифорнија покажува дека тој не помага само во слабеењето, туку и го спречува дебелеењето. Научниците утврдиле дека идеален начин е да се консумира овој сок кога се јаде мрсна храна, особено пржена. Активните состојки како пектин и феноли ја намалуваат апсорпцијата на маснотии и можноста за нивното таложење се намалува. Во спроведената студија, луѓето биле поделени во две групи. Едните со оброкот добивале сок од цитрон, а другите вода. Двете групи јаделе иста количина, а после 3 месеци оние кои го пиеле сокот се здебелиле 20% помалку. Освен тоа, научниците утврдиле дека тие имаат постабилна и пониска вкупна вредност на шеќер во крвта, па затоа го препорачуваат овој сок ако превенција од дијабетес.