Кога е потребно да земате магнезиум

Потребите за магнезиум се зголемуваат во случај на подолготраен стрес, занимавање со спорт, кај трудниците, доилките, оболени од дијабетес, хронично болни и лица што прекумерно консумираат алкохол. 

Зголеменото потење кога се вежба, но и напорната физичка работа може значајно да ги исцрпи резервите на магнезиум и останатите електролити, па може да се јави треска, грчеви и несвестици. Затоа во препораките за исхрана на спортистите особено внимание му се обрнува на магнезиумот како еден од клучните минерали за оптимална телесна изведба.

Покрај наведените ризични групи, истражувањата покажуваат дека и старата популација припаѓа во групите со зголемен ризик за појава на недостиг од магнезиум бидејќи имаат намалена апсорпција во дигестивниот систем, а дополнително се загрозени ако земаат лекови кои доведуваат до зголемено излачување магнезиум. Во тие случаи особено се препорачува да се советуваат со лекар или нутриционист.

Многубројните функции на магнезиумот, му даваат голема важност за здравјето на сите, од најмлади до најстари. Важно е да се знае дека балансираната и разновидна храна во која се застапени сите видови продукти и која е богата со овошје, зеленчук, семки, интегрални жита во комбинација со природна минерална вода може да осигури оптимална доза хранливи материи, па така и важниот магнезиум.

Со учењето и усвојувањето подобри прехранбени навики, со избор на храна и вода од природни извори на магнезиум може да придонесеме за намалување на уморот и исцрпеноста на која сме изложени сите.