Свечен прием во Перт

Во чест на Денот на независноста на Македонија, Македонската општина за Западна Австралија одржа свечен прием.

Бројните гости и претставници на Владата и опозицијата на Западна Австралија ги поздрави претседателот на Македонската општина, Трајан Андоновски, а во името на Република Македонија поздрави почесниот конзул Зоран Ќосески.
По интонирањето на државните химни на Австралија и на Македонија, од името на Владата за Западна Австралија присутните беа поздравени од Давид Мајкл и Џесика Стојковски. Од името на опозицијата присутните ги поздрави Тони Крстичевиќ.
Посебно обраќање пред присутните имаше градоначалничката на општина Винсен, Ема Кол.
На свечениот прием присуствуваа и сојузните пратеници Ан Али и Тим Хамонд.
Пред Македонците и гостите беше приредена богата културно-уметничка програма со македонски песни и ора.