Сиднеј: Во чест на Денот на независноста на Македонија

Во центарот на сиднејската населба Рокдаел, во неделата, на 10 септември, со почеток во 10 часот наутро, се одржа пригодна манифестација по повод 26 годишнината од прогласувањето на независноста.

Улицата Кинг стрит уште од петокот беше накитена, за одбележувањето на овој голем празник, со развиорени македонски знамиња. Фолклорниот фестивал започна со пристигнувањето на коњаник со развиорен бајрак и музиката на тапан, зурла и гајда.
На овој настан беше и амбасадорот Веле Трпевски кој ја имаше честа да го подигне македонското знаме на јарболот.
Во програмата настапија повеќе културно уметнички друштва од Нов Јужен Велс и македонски интерпретатори на македонската песна.
Покровител на овој настан беше општината Бејсајд.