Пописот во Австралија е во вторник 10 август и упатствата за пополнување на пописниот образец (формулар) веќе се испратени до сите домаќинства во Австралија. Секој што престојува во вашиот дом ноќта на 10 август 2021 мора да биде попишан. Ова ги вклучува меѓународните посетители и бебињата.
Пописниот образец можно е да се пополни преку интернет или да се нарача на хартија формулар на тел. 1800 130 250. За оние лица кои не го разбират англискиот јазик доволно, можно е да побараат помош преку Телефонската преведувачка служба (TIS) или едноставно побарајте помош од своите деца, роднини или пријатели.
Информациите од Пописот им помагаат на владите, бизнисите и непрофитните организациите низ целата земја да донесуваат информирани одлуки. Исто така, податоците им помагаат на групите во заедницата да планираат локални услуги за поединци, семејства и заедници. Австралиското биро за статистика ова редовно го прави уште од далечната 1911 година.
Вашите лични информации се заштитени со закон. Тие не се споделуваат со други владини агенции или со било кој друг. Не можете да бидете идентификувани врз основа на податоците кои ги споделувате за вас или вашето семејство во вашиот Пописен образец.
За да можеме да обезбедиме точна идентификација на македонската заедница, потребно е секој човек внимателно да одговори на сите прашања во прашалникот во 2021 г. Освен општите прашањата на пописот, македонската заедница треба да ги пополни прашањата за земјата на раѓање, јазикот, предците и религијата.
Ако сте родени во денешната македонска држава, треба во местото каде е специфирано „Other – please specify“ да одговорите: „MACEDONIA“ или „REPUBLIC OF MACEDONIA”.
Иако сте биле родени во времето кога македонската држава беше дел од Југославија, многу е важно да НЕ одговорите на ова прашање со одговор „Југославија“. Постои посебна категорија за ова прашање и ако тука запишете „Југославија“ тогаш вашата родна земја НЕМА да биде забележана како „Македонија”.
Ако зборувате македонски, без разлика колку добро, во местото што е специфирано „Other – please specify“ треба да одговорите „MACEDONIAN”.
Без разлика каде сте родени (Македонија, Грција, Австралија или било каде) вашето етничко потекло е македонско. За ова прашање се брои до три генерации наназад (родители, баби и дедовци, или прабаби и прадедовци).
Во местото обележано „Other – please specify“ одговорете „MACEDONIAN”.
За религијата, ставете Македонска Православна (Macedonian Orthodox)
Пописот на населението е задолжителен. Ова значи дека сите во Австралија, освен дипломатите и нивните семејства, мораат да го пополнат Пописниот образец каде и да се наоѓаат ноќта на Пописот. Ова ги вклучува носителите на визи, туристите и меѓународните посетители, како што се студентите кои студираат на австралиските универзитети.
За повеќе информации на македонски јазик, посетете ја интернет страницата www.census.abs.gov.au/macedonian