Брз и тежок натпревар на гостински терен, во кој двете екипи силно притискаа од почеток до крај со цел да стигнат до победа. Блејк Карпентер во 50-та минута донесе водство за Авондаел од 1:0. За среќа, веќе во 65-та минута Џонас Марковски успеа да израмни на 1:1.
Со овој резултат Престон Македонија не можешe да биде целосно задоволна, па со доза на нервоза следниот ден го очекуваше исходот од натпреварот меѓу НВС Спирит и Канбера Кроација. За жал тој заврши неповолно за “лавовите” бидејки НВС Спирит забележа тесна победа и со тоа го презеде второто место на табелата.
Само првите две екипи од групата обезбедуваат пласман во четвртфиналето.
По девет години на кормилото, тренерот на Престон Македонија Љупчо Ацевски се збогува со тренерската функција, но останува засекогаш дел од „лавовите“. Како стратег на клубот, тој низ годините донесе неколку промоции и ја врати Престон Македонија во елитното друштво. На негово место доаѓа Зоран Марковски, поранешен тренер на Авондаел и повеќекратен шампион во Премиер лигата на Викторија.