Австралија некогаш беше пример во борбата против пандемијата, сега владее хаос

Летата во Австралија се традиционални времиња за излети, за плажа и скари, но оваа година стана тотален хаос поради зголемениот број на заразени со ковид и недостатокот на брзи тестови низ целата земја.

Минатата недела бројките на работници кои отсуствуваа од работа поради изолација станаа толку високи што националната влада размислуваше да ја намали старосната граница за давање на дозволи за управување со виљушкари за да може малолетниците да бидат вклучени во синџирите на снабдување во болниците.

Министрите на крајот се откажаа од планот, но фактот што Австралија, земја која некогаш се фалеше со најдобриот одговор на пандемијата, размислува за таков потег покажа колку тешко се справуваме со пандемијата и се бара правилен одговор на неа.

Откако го поминавме најголемиот дел од пандемијата затворени, Австралија сега се обидува со нов пристап – живеење со ковид. Но, таа промена се совпадна со појавата на омикрон што доведе до зголемување на бројот на случаи. Повеќето од вкупно 1,5 милиони во Австралија се заразени во последните три недели.

И покрај тоа што новата ситуација не предизвикува здравствена катастрофа од размери што може да се видат на други места, таа води до големи нарушувања во земјата за која некогаш се пишуваше како модел за другите земји во борбата против пандемијата.

Австралиската влада ја обвинува појавата на омикрон за оваа ситуација. „Омикрон беше едно од најголемите изненадувања и прилично го смени начинот на кој управувавме со пандемијата до тој момент“, рече прајминистерот Скот Морисон.

Планот на владата да се живее со ковид се базираше на варијантата делта, помалку заразниот вид што предизвика хаос во другите земји минатата година. Според Морисон, поради тој стар план, владата не нарачала доволно брзи антиген тестови – што е клучно во оваа фаза од пандемијата кога толку многу луѓе се заразени. Домашните тестови даваат резултати за неколку минути, но изинативе недели речиси е невозможно да се најдат во Австралија.

Критичарите велат дека владата требало да ја предвиди претстојната криза. Обединетото Кралство обезбедува бесплатни тестови од минатиот април, а САД го решија проблемот со недостигот на тестови пред да се зголеми бројот на случаи во Австралија.

„Разбирам дека недостатокот на брзи тестови е голема фрустрација“, рече Морисон во средата. Побарувачката за тестови се зголеми кога редиците за традиционалните ПЦР тестови, спроведени од лаборатории, се зголемија бидејќи сè повеќе луѓе имаа симптоми на корона.

На некои луѓе брзите антигенски тестови им се потребни за да докажат дека немаат ковид и да можат да одат на работа. На други им требаат за да ги посетат роднините во болниците и домовите за стари лица. Без нив многу луѓе остануваат дома во изолација, не знаејќи дали се заразни или не.

Фармацевтското здружение на Австралија, тело што претставува 5.700 општински аптеки, објави дека луѓето им се јавуваат четири пати во минута, очајно барајќи тестови. „Ова едноставно не е одржливо“, рече претседателот на здружението Крис Фримен.

Има толку голем недостаток на брзи тестови што австралиската федерална полиција се заканува со затворски казни и парични казни за секој што ќе го фати дека ги продава за повеќе од 20% повеќе од малопродажната цена.

Пред почетокот на новата година, развивачот на софтвер Мет Хејворд го забележал проблемот и на 3 јануари ја лансираше Find a RAT, веб-страница за собирање податоци каде што луѓето можеа да се пријават каде што може да се добијат брзи тестови. За една недела страницата имаше половина милион посети дневно. Во екот на кризата тестовите беа достапни на само 10 локации низ Австралија, вели Хејворд.

„Тие исчезнуваа во рок од 30 минути“, рече тој. Според страницата, оттогаш се олесниле проблемите со снабдувањето – брзите тестови се достапни на преку 200 локации низ целата земја, бројка што се менува како што пристигнуваат и се распродаваат залихите.

Владата вели дека пристигнуваат повеќе залихи. Сега се достапни бесплатни тестови и во државните клиники, но само за луѓе кои имаат симптоми или за оние кои имале близок контакт со заразен.

Меѓутоа, на прашањето како ќе се дистрибуираат овие тестови, Крис Овен, претседател на Фармацевтската асоцијација, рече: „Ова во моментов е спорна точка. Очигледно нема достапни залихи“.

Има простор за оптимизам. Здравствените власти велат дека бројот на случаи во Австралија би требало да го достигне врвот во следните две недели. Нов предизвик ќе дојде следнава недела кога учениците во Нов Јужен Велс и Викторија ќе се вратат на школо.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Пероте, во неделата рече дека сите деца и наставници ќе мора да бидат тестирани двапати со брзи тестови додека продолжува училишната година. И премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус објави дека има сличен пристап.

Во двете држави тестовите ќе ги обезбеди владата, со што ќе се намали дел од притисокот врз аптеките. Маските ќе бидат задолжителни за наставниците и повеќето деца на возраст од 8 и повеќе години. Се применуваат и други мерки против ковид, вклучувајќи прочистувачи на воздух и настава на отворено што би било можно во топлите денови.

Минатата недела Синдикатот на наставници предупреди дека училиштата можеби ќе треба да се затворат ако бројот на случаи се зголеми. Но, двете држави велат дека тоа нема да се случи.

Останати вести