Азиски куп: Австралија – Индија 2:0

Добар почеток имаа “сокерусите” минатава сабота на првиот натпревар за Азискиот куп, совладувајки ја Индија со 2:0. После слабата реализација на шансите во првиот дел, во 50 минута Џексон Ирвин конечно ја затресе за водство од 1–0.  Нешто подоцна во 73 минута, замената Џордан Бос после една минута игра  го постигна својот прв интернационален гол за конечните 2–0. За тоа најзаслужен беше Рајан Мекгри кој направи извонреден пробив со неколку убави дриблања во казнетиот простор и му ја додаде топката на Бос кој имаше лесна задача од непосредна брлизина да ја затресе мрежата.

Азискиот куп 2023 кој се игра во Катар, и требаше да се одржи во јуни минатата година, но беше одложен за почеток на оваа година од организаторот.

Амбицијата на избраниците на Греам Арнолд е да се освои вторпат Азискиот куп, првиот пат беше во 2015 кога се играше на домашен терен во Австралија.

Во четврток, на 18 јануари, Австралија игра против Сирија со почеток во 20:30 часот. Директен пренос на средбата ќе врши ТВ Канал10 и Парамаунт+.

Останати вести