Ако случајно во Македонија „ве фати“ камера на Safe City – ова се казните

Министерството за внатрешни работи на Македонија ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби. Во Македонија казните во Законот одамна се наведени во евра, а се плаќаат во денари според моменталниот курс. Собраќајните камери официјално стартуваа со казни на 1 февруари.

Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)

до 10 km/h над дозволеното – 15 €

од 10 до 30 km/h – 50 €

од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци

Пречекорување на брзина надвор од населено место (130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)

до 30 km/h над дозволеното – 20 €

од 30 до 50 km/h – 50 €

од 50 до 70 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци

Поминување на црвено светло

250 € глоба

забрана за управување 3–12 месеци

Непрописно запирање и паркирање (пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)

глоби од 25 €, 40 €, 150 € и 180 €

(во зависност од видот и тежината на прекршокот)

Учество во сообраќај со нерегистрирано возило (без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблички)

500 € глоба

ако истекот на сообраќајната дозвола е во рамка до 30 дена – 100 €

Намалување на санкциите

При плаќање во рок од 8 дена – се плаќа 50% од глобата

Ако има и забрана за управување – се изрекува во половина од пропишаниот рок.

Мицкоски: Известувањата за прекршоците од „Безбеден град“ ќе станат двојазични

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе се направат напори известувањата за прекршоците од „Безбеден град“ да се согласно Законот за јазици, за да не може да се користи проектот за собирање политички поени со националистички призвук. Ова доаѓа по иницијативата на Зијадин Сеља (Алијанса за Албанците) кој пред Уставниот суд поднесе тужба зашто не се почитува двојазичноста кај известувањата за прекршоците и затоа што сообраќајните камери почнуваат со работа само во Скопје, Тетово и Куманово – што според него значи најпрво се таргетираат Албанците кои најмногу живеат токму во тие места.

– Ако мислите дека тоа е пречка веднаш кажувам да се прилагоди и нема никаков проблем. Ако може за ова да спасам некој живот во Тетово, Скопје, Куманово, насекаде во Македонија. За да не го злоупотребувате ова во националистички призвук, веднаш ви кажувам ќе сторам се со МВР казните, опомените или информациите да бидат согласно Законот за јазици со МВР, за да немате таков аргумент, за да не мислите дека некој има против тоа. Напротив секој живот ни е драг, мил. Ние, не сакаме луѓето да гинат и покрај тоа што ќе трпиме политички реперкусии, рече Мицкоски.

Останати вести