Американци ќе го преземат ФК Академија Пандев!!!

Од Струмица дојде “бомба“ вест: американски капитал ќе влезе во ФК Академија Пандев при што Маурицио Ганц ќе биде тренер, а Горан Пандев се уште размислува дали да остане во клубот. Планот би требало да се реализира деновиве со оглед на тоа дека новите инвеститори или сопственици на прволигашот А. Пандев веќе закажале промоција кон крајот на овој месец, на која ќе има и официјално претставување во Струмица.

Познато е дека Горан Пандев, газдата на „пандевци“, сака малку да се “ослободи“ од финансиските обврски, кои навистина не се мали. Па така во Струмица пред неколку денови пристигнаа сопствениците на клубот Брера, кои биле силно заинтересирани за вложување во А. Пандев. Преговорите завршиле успешно, процедурата е започната, сега се бараат модалитетите како целата работа да се оствари.

Интересно е тоа што во клубот влегува капитал од САД, поточно американски капитал преку луѓето од Брера. И нормално дека тие си бараат свој човек за тренер. Изборот паднал на Маурицио Ганц, некогаш славното име кое играше во Серија А со Роналдо во нападот на Интер, но и во други клубови како Милан.

Ганц како тренер досега има работено во нисколигаши, но сепак неговото е звучно.

Се вели дека новите газди инсистирале Горан Пандев да остане во клубот зашто е преголемо име во фудбалот, во Италија и пред се во Македонија.

Меѓутоа името на клубот од Струмица повеќе нема да биде Академија Пандев.

Останати вести