Ана Стојчевски пример за посветеност и љубов кон Алтона Маџик Вардар

Во рамките на одбележувањето на Националната недела на волонтерството во Австра­лија, Фудбал Викторија ја истакна долгогодишната работа и придонес на Ана Стојчевски, која во Алтона Маџик Вардар претставува вистински пример за посветеност во фудбалската заедница. 

Стојчевски со години активно учествува во организацијата и функционирањето на клубските активности, вложувајќи огромен труд и време за развојот на фудбалот и подд­ршката на младите генерации. Нејзината работа опфаќа бројни сегменти – од организациски обврски, помош околу натпреварите, до секојдневна под­дршка на играчите, семејствата и клубската заедница.

Од развојот на програмите за зголемување на женското учество во фудбалот, преку зајакнување на спонзорствата и градење иницијативи во заедницата, па сѐ до помошта во создавањето на клупскиот идентитет надвор од теренот — придонесот на Ана Стој­чевски во Алтона Меџик Вар­дар е за пофалба.

Признанието за Ана Стој­чевски е уште една потврда за значајната улога што Маке­донците ја имаат во австралискиот фудбал, не само на теренот, туку и надвор од него, преку волонтерска работа, организација и поддршка на клубовите и младите спортисти.

Останати вести