АТП одреди рекордна награда за завршниот Мастерс во Торино

Тениската сезона се ближи кон крајот, а последен е АТП Мастерсот во Торино.

Осумте најдобри тенисери оваа година ќе се борат за престижниот трофеј, а челниците на АТП подготвија рекордни премии.

Имено, доколку некој од учесниците успее да дојде до титулата без пораз, може да инкасира дури 4,7 милиони долари, што би било рекорд во светот на тенисот. За да добие оваа премија од АТП, победникот мора да ги добие трите натпревари во групната фаза, а потоа да слави во полуфиналето и финалето.

За квалификацијата секој тенисер добива по 150.000 долари, а доколку се мине групата со три победи уште 1.47 милиони.

Рекордер на финалниот АТП турнир е Роџер Федерер со шест титули, а шанса да се израмни со него има Новак Ѓоковиќ.

Место на турнирот кој ќе се одржи од 13 до 20 ноември обезбедија Карлос Алкараз, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Каспер Руд и Стефанос Циципас, па има уште три празни места.

Останати вести