Започна новата сезона на најсилната фудбалска лига во Австралија, и веднаш имаме многу изненадувања и променет распоред на силите. После минатогодишниот разочарувачки крај на сезоната Мелбурн Виктори најавува дека оваа година ќе биде сосема друга екипа. Фудбалерите се под раководство на тренерот Тони Поповиќ, кој е сигурно еден од најдобрите стратези во лигата и за време на слободниот период направи доста измени во екипата.
Од самиот почеток се редеа шанси пред голот на Сиднеј, но за првиот гол се чекаше до 62 минута кога Бруно Форнароли украде една топка и рутински ја затресе мрежата за 0:1.
Малку пред крајот во 86 минута извонреден пробив на француското засилување Зинедин Мачач, тој лесно пројде помеѓу три противнички играчи и самиот ја заврши работата пред голот за 0:2.
На другите средби беа постигнати следните резултати: Аделаид Јунајтед – Централ Кост Маринерс 3:0; Макартур Рамс – Бризбен Роар 1:1; Мелбурн Сити – Вестерн Јунајтед 1:2; Вестерн Сиднеј Вондерерс – Велингтон Феникс 0:0 и Перт Глори – Њукастел Џетс 2:2.
ИДНО КОЛО
Бризбан Роар – Сиднеј петок, 27 окт. 19:45
Велингтон Феникс – Перт Глори сабота, 28 окт. 15:30
Вестерн Сиднеј В. – Вестерн Јунајтед сабота, 28 окт. 19:45
Централ Кост М. – Макартур недела, 29 окт. 15:00
Мелбурн Виктори – Њукастел Џетс недела, 29 окт. 17:00
Аделаид Јунајтед – Мелбурн Сити недела, 29 окт. 19:00