Познатиот италијански весник „Газета дело Спорт“ објави ексклузивна информација која би можела да ја здрма „Формула 1“.
Како што пренесуваат италијанските медиуми Светската автомобилска федерација (ФИА) ќе отвори истрага против “Ред бул“ и “Астон Мартин“ поради сомневање дека го надминале буџетот во минатата сезона.
Ако се покажат како точни сомнежите акутелниот шампион Макс Верстапен, кој вози за “Ред бул“, би можел да остане без титулата шампион за минатата година. Челниците на ФИФА би требало да се огласат во наредните неколку дена по оваа информација.
Бројката која “Ред бул“ не смеел да ја надмине е 130 милиони евра (при што платите на возачите и комерцијалните операции не се дел од таа граница), и ако цифрата е надмината за пет милиони евра би поминале со помала дициплинска казна, но ако е поголема тоа би можело да донесе големи проблеми за Верстапен.
Ќе потсетиме, Верстапен сезонава е на чекор да ја одбрани титулата. Во овој момент (пред трката во Сингапур) е лидер на генералниот пласман со 335 бодови, 116 повеќе во однос на второпласираниот Шарл Леклер.
До крајот на шампионатот останаа уште пет трки.