Бризбен може долго да остане затворен ако луѓето продолжат да не ги почитуваат рестрикциите

Квинсленд во сабота пријави 13 нови случаи на инфекција со коронавирусот, а властите предупредија дека затворањето на главниот град Бризбен би можело да биде продолжено, доколку луѓето продолжат со непочитување на рестрикциите. Заменикот премиер Стивен Мајлс ги замоли жителите да  одбегнуваат непотребно движење и да останат дома.

„Секој пат кога некој ќе го напушти својот дом го зголемува ризикот ова затворање да трае подолго“ – изјави Мајлс.

Официјалните лица стравуваат дека вирусот може да се прошири и во градот Кернс, кој од Бризбен е одалечен околу 1.700 км, откога вакциниран капетан на брод во пристаништето бил позитивен на коронавирусот.

Сиднеј, најголемиот град во Австралија исто така е затворен до 28 август поради рекордните бројки на дневни случаи. Само околу 20 отсто од популацијата постара од 16 години е целосно вакцинирана.

Останати вести