На руските и на белоруските тенисери годинава ќе им биде дозволено да се натпреваруваат на Вимблдон како „неутрални спортисти“, објавија челниците на третиот тениски Грен слем турнир во сезоната. Ланската година поради руската агресија врз Украина ја поставија забраната поради која од АТП и ВТА добија санкции (освоените бодови на овој турнир воопшто не се сметаа) и закана дека ќе бидат исфрлени од системот.
На тенисерите од Русија и Белорусија инаку имаат право да учествуваат на други АТП и ВТА турнири, како и на ИТФ турнејата, но без национални обележја. Годинава се враќаат и на Вимблдон, па ќе се бројат и освоените бодови на турнирот.
„На тенисерите ќе им биде забрането да изразуваат поддршка за руската инвазија на Украина во различни форми, а на играчите кои добиваат финансирање од руската и/или белоруската држава ќе им биде забранет влезот. Условите се внимателно развиени преку конструктивен дијалог со Владата на Обединетото Кралство и меѓународните тениски тела и се усогласени со објавените владини упатства за спортските тела во Британија“, се додава во соопштенето на “Олд Ингланд клубот“ кој е организатор на Вимблдон.
Претседателот на „All England Club“, Иан Хјуит, додаде дека ова е „неверојатно тешка одлука“.
– Продолжуваме целосно да ја осудуваме илегалната инвазија на Русија и нашата сесрдна поддршка останува со народот на Украина. Ова беше неверојатно тешка одлука што не беше донесена, рече тој.