Влатко Андоновски: Очекуваат да го освоиме првото место на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд

Македонскиот стручњак Влатко Андоновски е селектор на женската фудбалска репрезентација на САД, која е двократен светски шампион, и вели дека освојувањето на првото место и натаму е императив за една од најсилните фудбалски сили.

Неговиот тренерски подем почна во 2013 со формирањето на клубот Канзас Сити.

45-годишниот харизматичен скопјанец Влатко Андоновски, кој повеќе од 20 години живее во Канзас, е повеќе години на чело со женската фудбалска репрезентација на САД. Тој не ги сокрива големите очекувања за Мундијалот во женски фудбал, што треба да се одржи во Нов Зеланд и Австралија.

– Очекувањата за нашата репрезентација е да се биде прво место, не само затоа што тоа се очекувања на домашната јавност, туку тоа се очекувања на овој тим, мои лични очекувања, туку и очекувања од Фудбалската федерација, вели Андоновски.

Запрашан како одговара на критиките од спортските новинари во САД дека се уште го формира столбот на репрезентацијата и стандардните 11- фудбалерки, Андоновски одговара дека се прави плански, се анализираат комбинаторики, се повикуваат нови играчи да ја освежат играта.

– Сега, како што се наближува Светското првенство, стартните 11 играчи ќе бидат подефинирани, и со постандардни, ќе играме од еден на друг натпревар, смета селекторот на САД.

Неговите тактики имаат резултати. Видливо на последниот пријателски меч во главниот град Вашингтон, кога САД ја совладаа Нигерија со 2:1, во игра во која целосно доминираа Американките.

Тој ја издвои фудбалерката Алекс Морган, за која вели дека е мотиватор, не само на зелениот терен.

– Таа е жива легенда во фудбалот, особено во женскиот фудбал во САД. Има освоено се што може еден играч да освои – светски првенства, олимпијади, индивидуални награди. Таа е играч од светска класа, вели Влатко.

Правејќи споредба со развојот на женскиот фудбал во Македонија, вели дека и таму има квалитет, но културата и менталитетот е поинаква и подоцна е почнат да се развива овој спорт отколку во Америка, но резултатот ќе дојде.

– Ме радува фактот што многу се инвестира во женскиот фудбал, во женските репрезентации и се надевам дека многу брзо ќе видиме успех, додава Андоновски.

Не се чувствува ниту како странец кој ја преводи една од најсилните репрезентации во светот во фудбалот, туку напротив – ужива во предизвикот.

– Мора да кажам дека досега не сум осетил било какви негодувања од било која страна, затоа што пристапот мора да биде професионален, а квалитетот се цени, коментира Андоновски.

САД ја добија групата на Мундијалот на кој
ќе ја бранат круната

Влатко Андоновски и неговата женска селекција на Соединетите Американски Држави ја дознаа групата на Светското првенство (СП) во женски фудбал кое ќе се игра во Австралија и Нов Зеланд.
САД важат за едни од фаворитите за медал, а Андоновски ќе го предводи тимот во групата Е каде се сместени уште Виетнам, Холандија и Португалија. САД ќе игра во Нов Зеланд, отвора во Окленд против Виетнам (22 јули), а потоа следат Холандија (27 јули) и Португалија (1 август).
Комплетните групи на СП 2023:
А: Нов Зеланд, Норвешка, Филипини, Швајцарија
Б: Австралија, Ирска, Нигерија, Канада
Ц: Шпанија, Костарика, Замбија, Јапонија
Д: Англија, Хаити, Данска, Кина
Е: САД, Виетнам, Холандија, Португалија
Ф: Франција, Јамајка, Бразил, Панама
Г: Шведска, Јужна Африка, Италија, Аргентина
Х: Германија, Мароко, Колумбија, Кореа
СП 2023 за жени ќе се игра во периодот од 20 јули до 20 август, во девет града. Бранител на титулата од последниот Мундијал во 2019 година е САД, селекција која зад своето име има четири светски трофеи, што е апсолутен рекорд. Втори на вечната листа се Германките со две, па следат Норвешка и Јапонија со една титула.

Останати вести