Од минатиот вторник започнаа активностите предвидени од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за изнудување на предвремени избори. На 10 мај истече ултиматумот што му беше даден на поремиерот Ковачевски да се сретне со Христијан Мицкоски за да го утврдат датумот За поредвремени парламентарни избори.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ отсега натаму ќе го блокираат Собранието, но по потреба (ако има суштински закон на дневен ред) може повторно да седнат во пратеничките клупи. Активно ќе бидат блокирани само штетните законски предлози, како што велат од најголемата опозициска партија, кои се околу 40–на на број. Но за предлози како за ребалансот на буџетот ќе учествуваат во работата.
Блокадата на Собранието е најавена додека не се закажат предвремени парламентарни избори.
Од СДСМ најавија дека ќе се спротивстават на блокадата со сите деловнички средства. Наводно имале и план како тоа ќе го сторат. Сепак, мора да се има на ум дека Владата има тенко мнозинство од 62, теоретски 64 пратеника. Во минатото владеачкото мнозинство често пати не беше способно ниту кворум да обезбеди за почнување на собраниска седница.