Волкановски останува неприкосновен УФЦ крал во перолесна категорија

Александар Волкановски уште еднаш ја потврди својата доминација во перолесната категорија на УФЦ, откако по осми пат во кариерата ја одбрани својата шампионска титула. 

На турнирот UFC 325, кој се одржа на 1 февруари во Qudos Bank Arena во Сиднеј, Волкановски го совлада предизвикувачот Диего Лопес со едногласна одлука на судиите (50-45, 49-46, 49-46). 

Ова беше втора борба меѓу двајцата, а како и во нивниот прв дуел, кој се случи на UFC 314 минатата година, победата повторно му припадна на Австралиецот со македонско потекло. 

Волкановски доминираше на сите пет рунди со супериорна тактика, прецизни контраудари и извонредна контрола на рингот, оставајќи го Лопес без реална шанса да го загрози. 

Со оваа победа, 37-годишниот борец го изедначи рекордот на Жозе Алдо за најмногу успешни одбрани на перолесниот појас во историјата на УФЦ

Настанот привлече голема публика од повеќе од 20.000 гледачи во Сиднеј, а атмосферата беше електрична во поддршка на домашниот шампион. 

По мечот, Волкановски рече дека нема намера да се повлече и дека планира да остане активен во 2026 година, со можност за уште неколку борби, вклучително против потенцијални предизвикувачи како Мовсар Евлоев или Лероне Мерфи.

Останати вести