Црковната општина „Рождество на Пресвета Богородица“ во Бризбен, и понатаму останува духовен дом за Македонците во Квинсленд. Во неделата на 3 август, беше отслужена Света Литургија, а богослужбата ја предводеше отец Гаврил (Галев), во сослужение со протојереј Ѓорѓи Митев, старешина на храмот. Бројните верници кои се собраа од Бризбејн и поширокиот регион учествуваа во Литургијата. Во беседата што следуваше, свештенослужителите ги потсетија присутните на значењето на верата и единството, и на важноста од oчувување на духовното и националното наследство, особено во дијаспората.По Литургијата се одржа пригодна културно-забавна програма по повод Илинден, а за прекрасната организација посебно треба да пофали управата, женската група и ФК Саншајн Лајонс. Како почесни гости беа: амбасадорката Билјана Стефановска и пратеничката Грејс Грејс. За празникот Илинден, Македонската заедница од Бризбен и околината пред МПЦ ”Рождество на Пресвета Богородица”, организира традиционално фестивал. Улицата James St, во New Farm беше затворена за сообраќај и ечеше македонска музика и песна. Посетителите покрај дружењето можеа да уживаат во Македонската храна и пијалоци.



