Во Грција активни 153 пожари- двајца мртви и 20 повредени

Двајца настрадани и дваесетина повредени во застрашувачките пожари кои ја зафатија Грција последните денови особено во нејзините јужни делови. Едниот од настраданите бил волонтер врз кого се срушил  електричен столб а другиот бил пожарникар. И натаму активни се околу 154 пожари а шест области се означени како области со висок ризик од кои населението се евакуира.

Најактивни се пожарите на север од Атина, а временските услови  не им одат во прилог на противпожарните и спасувачките екипи , поради силните ветрови и високите температури.

Евакуирани се илјадници луѓе, а изгорени се куќи, автомобили, компании. Најсериозна е состојбата на Евиа и во Олимпија. Во Грција по три децении ова е најдолг топлотен бран што ја зафатил земјата. Европските официјални лица сметаат дека најголем број од пожарите во Медитеранскиот дел на Европа и јужниот Балкан се должат на климатските промени.

Останати вести