Во Македонија прозвуче: „Христос воскресе! Вистина воскресе!“

Верниците ширум Републиката се собраа пред храмовите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија каде на полноќ ја слушнаа радосната вест за Христовото воскресение. Најголемиот христијански празник – Велигден, оваа година и православните и католичките верници го славеа на ист ден – 20 април. Ваквото поклопување не се случува често, бидејќи источната и западната црква користат различни календари (јулијански и грегоријански) и начини за пресметување на „пасха“.

Но без разлика дали се православни или католици, христијаните со овој празник го прославуваат воскреснувањето на Исус Христос, по неговата смрт со распнување на крстот. Исус умрел во петок кога е и набрзина погребан зашто следниот ден, сабота („сабат“), за Евреите е строг ден во кој ништо не се прави. А кога во неделата дошле (Марија Магдалена)на неговата гробница виделе дека е празен – тој воскреснал!

Воскреснувањето на Исус е клучниот миг што ја докажува суштината на христијанството. Исус на земјата останал уште четириесет дена пред неговото Воскресение, оставајќи порака дека повторно ќе се врати. Пред да воскресне, Исус им рекол на своите ученици да проповедаат и меѓу нееврејското население.

Православните верници традиционално се поздравуваст со „Христос воскресе!“, на што се одговара: „Вистина воскресе“!. Првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.

Останати вести