ВО МЕЛБУРН СО ПОДИГАЊЕ НА ЗНАМЕTO СЕ ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Пратеничките Бронвин Халфпени и Соња Килкену со претставници на организации и друштва во македонската заедница за време нa прием во Парламентот на Викторија по повод Денот на македонската независност

По повод 35-годишнината од прогласувањето на македонската независност, во Мелбурн претставници на неколку организации и поединци се собраа на  плоштадот Federation Square, каде што традиционално во минатото беше развиено македонското знаме.

Свечената церемонија беше организирана од Македонско-австралиската заедница (Macedonian Australian Community Organisation – MACO), предводена од претседателката Лидија Нешкоски.

После церемонијата на  подигањето на знамето, прославата продолжи со свечен ручек во Парламентот на Викторија. Настанот беше организиран во соработка меѓу претседателката на MACO, Лидија Нешкоски, генералниот конзул Алија Алијевски и претставници од Парламентот на Викторија.

На плоштадот на Федерацијата во Мелбурн повторно се развиори македонското знаме

Останати вести