Во Сиднеј олеснети рестрикциите: Не можеме трајно да го сузбиеме вирусот

Австралиските држави и територии постепено се откажуваат од обидот за искоренување на епидемијата и се обидуваат да научат да живеат со вирусот САРС-КоВ-2. Поради тоа властите се откажаа од т.н „нула ковид“ стратегија и се обидуваат да ги ублажат мерките со брзо вакцинирање на населението.

Викторискиот премиер Даниел Ендрус соопшти дека затворањето ќе трае се додека не се вакцинираат 70 проценти од лицата над 16-годишна возраст, без разлика дали има нови случаи или не.

Таа бројка, рече Даниел Ендрјус, може да се постигне до 26 октомври. Досега Викторија има 43 проценти целосно вакцинирани, а на ниво на Австралија тоа е 46 проценти.

– Ја отвораме државата, но тоа ќе го правиме претпазливо. Нема алтернатива, не можеме трајно да го сузбиеме вирусот. Се затворивме за да купиме време и да вакцинираме 70 до 80 проценти од луѓето, рече Ендрјус.

Остануваат многу ограничувања на сила, но луѓето наскоро ќе можат слободно да излезат од своите домови без посебна причина.

Ендрјус предвидува 80 проценти од населението дека ќе се вакцинира до 6 ноември.

Нов Јужен Велс, иако регистрирана над 1,000 нови случаи на инфекција, веќе има јасен пат за враќање на нормалноста. Таму 52 проценти од населението е вакцинирано со две дози.

Сојузниот план е да се укине блокадата кога стапката на вакцинација ќе достигне 70 проценти, а со 80 проценти вакцинирани ќе се отворат меѓународните граници.

Премиерката Гледис Береџиклијан изјави дека во Нов Јужен Велс се намалува бројот на случаи и е на најниско ниво од 27 август.

– Подобро е отколку во претходните недели, но не сакам никој од нас да се опушти и да мисли дека најлошото е зад нас. Бидејќи видовме акумулација на толку многу случаи, знаеме дека октомври ќе биде многу предизвикувачки за нашиот здравствен систем, рече Береџиклијан.

Ограничувањата за вежбање на отворено се укинати, додека целосно вакцинираните можат да се собираат на отворено во групи до пет лица.

Останати вести