Возбудлива средба во која беа постигнати дури пет гола и се менуваше водството. Слога успеа прва да дојде до гол уште во втората минута од мечот преку Тамир Идрис за 1:0. Гостите успеаја да изедначат во 30 минута со голот на Горан Зориќ. Додека три минути подоцна Џоел Николиќ донесе водство за Вестгејт од 1:2. Нивната радост не траеше долго бидејќи во 35 минута Сашо Гроздановски израмни на 2:2.
Во второто полувреме, пред крај отна натпреварот, Ајден Валер го постави конечниот резултат за победа на Слога од 3:2.
Во сабота, на 16 април, Лајло Јунајтед Слога ја пречекува екипата на Мореланд Јунајтед со почеток во 15 часот.