Домаќинот заслужено славеше победа и буквално во првите моменти од игра дојде до неочекувано водство со голот во 1 минута на Кемал Ирдем. Слога успеа да изедначи со погодок на Игорче Колевски во 27 минута. За жал, во второто полувреме Давут Тахир преку пенал во 54 минута му донесе повторно водство на Албион од 2:1. Конечниот резултат го постави Хабиб Флеифел во 62 минута за 3:1.
Во сабота, на 26 март Слога ја пречекува екипата на Епинг Сити со почеток во 15 часот.