Слога добро ја почна средбата и во 12 минута преку Дилан Маневски дојде до водство од 1:0. Гостите од Џилонг изедначија во 30 минута преку Рајан Калдер за 1:1.
Во второто полувреме повторно Слога имаше водство кога во 55 минута Вухун Нам ја затресе мрежата за 2:1. Ова траеше многу кратко во 59 минута со автогол Игорче Колевски изедначи на 2:2. Конечниот резултат беше поставен во 86 минута преку Џордин Цервински за 2:3.
Во сабота, на 30 јули, Лајло Слога гостува кај Хјум Јунајтед со почеток во 19:15 часот.