Трет натпревар од овогодишното првенство што се игра во гости и минимален пораз за Слога. Од три одиграни средби се освоени само три бода a забележани се два порази.
Од овој натпревар Лајло Јунајтед Слога има дополнителна штета бидејќи Давид Соколевски пред крај на средбата во 93 минута доби црвен картон. Стрелец на единствениот гол беше Џон Гилдо во 42 минута за 1:0.
За разлика од првиот тим резервите пак играа подобро истиот ден и на гостувањето остварија победа од 0:2.
Во сабота, на 9 април, Лајло Јунајтед Слога ја пречекува екипата на Вестгејт со почеток во 15 часот.