Подобар беше гостинскиот тим од Алтона Ист кој е и лидер на табелата. Гостите постигнаа два гола во првото полувреме преку Џ. Лимперис во 12` и Џ. Портило во 37 минута за 0:2.
Слога сега е на осмото место со пет бода од исто толку одиграни средби.
Во сабота, на 29 април, Слога гостува кај Џилонг Ренџерс со почеток во 15 часот.