Победата на Џилонг му беше обезбедена уште во првото полувреме кога со головите на Цервински во 35 и Тревор во 41 минута дојдоа до водство од 2:0. Лајло Јунајтед Слога пред крајот само успеа да го ублажи поразот со голот на Ромео во 85 минута за конечните 2:1. Сега Лајло Слога е на деветтото место со пет освоени бода од шест натпревари.
Во сабота, на 6 мај, Лајло Слога гостува кај Хјум Јунајтед со почеток во 19 часот.