Втора државна лига на Викторија, 7 коло, Лајло Јунајтед Слога – Хјум Јунајтед 1:2

Нов пораз на Лајло Јунајтед Слога и веќе треба да се запалат светлата на тревога бидејќи клубот оди полека кон дното, што води до испаѓање од лигата. Од седум одиграни средби освоени се само пет бода и забележана е само една победа. На натпреварот гостите ја завршија својата работа во првото полувреме со два гола на Замани во 23` и 30 минута.
Во второто полувреме Слога успеа да намали со голот на Вухјин Нам во 57 минута за 1:2.
Во сабота, на 13 мај, Слога ја пречекува екипата на Клифтон Хил со почеток во 15 часот.

Останати вести