Втора државна лига на НЈВ, 14-коло, Кантербури Бенкстаун – Сиднеј Македонија 4:2

На последните четири натпревари Сиднеј Македонија претрпе четири порази со гол разлика од 15:6, а тоа укажува дека има “ пукнатини” во одбраната.

На овој натпревар домашните со голот на Гузман во 8-та минута дојдоа во водство, а следната минута капитенот Тодороски го изедначи резултатот.

Ивановиќ во 14 минута повторно го зголеми водството на домашните, а Керасоли во 37` го постигна третиот гол за домашната екипа.

Само што почна второто полувреме (47’) Куо го зголеми водството на 4:1 и тоа даваше знак дека поразот на Сиднеј Македонија е неизбежен.

Неуморниот Тодороски во 74-тата минута го ублажи поразот и го постави конечниот резултат на овој натпревар што се одигра по студени и ветровито време.

После овој пораз, Сиднеј Македонија се “слизна” на табелата и сега се наоѓа на 7-мо место со 21 бод, 8 бода помалку од првопласираната екипа.

Во 15-тото коло, во сабота, на 18 јуни Сиднеј Македонија (на домашен терен) ќе игра со “фенерџијата” (последниот) на табелата Инер Вест Хокс, а почетокот на натпреварот е во 19.00 часот.

Од овој натпревар освен победа за Сиднеј Македонија секој друг резултат би бил равен на пораз. 

К.М.

Останати вести