Германија, како домаќин на Еуро 2024, бара од УЕФА да и се забрани настап на Белорусија

Германија, земјата домаќин на Евро 2024, побара од УЕФА да ја исклучи Белорусија од натпреварувањето поради нејзината поддршка за Русија.

Ова го изјави портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи. Во писмото до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, исто така, повика на суспензија на руските и белоруските претставници од фудбалското тело.

Управното тело на европскиот фудбал досега ја исклучи Русија по инвазијата на Москва на Украина на 24 февруари. Германското министерство соопшти: „Не само Русија, која води војна со кршење на меѓународното право, туку и Белорусија, која најмногу го поддржува руското раководство, треба да биде исклучена од сите меѓународни фудбалски натпревари и турнири“.

Ждрепката за квалификациите за ЕП 2024 е закажана за 9 октомври и ќе се одржи во Франкфурт. Германија ќе биде единствениот домаќин на ЕП 2024, за разлика од ЕП 2020 – што беше одложено за една година поради пандемијата на ковид и се одржа во единаесет европски градови.

Останати вести