Македонската асоцијација Цапари го организираше вториот голф турнир за оваа година за младите а и постарите цапарчани.
Турнирот беше одигран во неделата, во „Вуловаре“ голф клуб, и имаше 18 учесници. Времето беше одлично за голф.
Прв и добитник на пехарот беше Кристофер Стојковски, втор беше Микаел Шикановски и трет заврши Брендон Трпезановски.
Најдобри во патинг беа Коста Сазданов и Бале Шикановки.
Овој турнир се одржува преку 30 години во Сиднеј и е добро посетен. Наредниот турнир е веќе закажан и ќе се одигра на истото место на 17 март 2024 година.
Секој цапарчанец, роднина и пријател може да учествува на овој турнир.
Организатор на турнирот Кирил Марковски изрази посебна благодарност до д-р Зоран Бечваровки за неговата посета и се надеваме дека ќе дојде повторно. Како што велат цапарчани: “ако ти е арно, пак да дојдиш”.