Дали некогаш ќе се дознаат мотивите за Диво насеље?

Изминаа 9 години од настаните во кумановско Диво Насеље, а се уште не се знае кои се вистинските мотиви за вооружениот напад ниту пак кои се нарачателите на истиот, иако во првичните разговори со лицата кои се предале на полицијата било посочено дека цели на групата биле напади на државни и цивилни цели. Тоа остана и во пресудите но без нужната елаборација.

Делото од кривично правен аспект е расветлено, терористите се осудени на долгогодишни казни затвор но остана во воздух да лебди неодговорено прашањето околу инспираторите затоа што до ден денес немаме одговор кои беа инспиратори на овој крвав настан, вели Стојанче Ангелов, поранешен генерал од специјалната единица „Тигри“.
Дали можеме да бидеме сигурни дека Диво Насеље веќе никогаш нема да се повтори? Изборната камапња ги погреа тензиите, но Ангелов смета дека Македонија како држава институционално може да се справи со било какви закани, иако, вели, периодот до формирање на новата влада е ранлив.

Во секое предизборие во државата се засилува националистичка реторика, тоа можевме да го слушнеме од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но мислам дека со завршување на изборите ваквата реторика ќе биде смирена. Единствена опасност постои доколку ДУИ, која очигледно ќе остане во опозиција, се обиде повторно да игра на карта на национализам, разгорувајќи ја меѓуетничката нетрпеливост со закани по безбедноста за државата и граѓаните, Стојанче Ангелов.
Во борбата во делот од Куманово именуван како Диво Насеље (на 9 и 10 мај 2015) против вооружената група што упадна од Косово 8 припадници на македонската полиција загинаа а 42 беа ранети. Загинаа осумина и од терористите, а останатите над 30 кои се предадоа сега издржуваат долгодишни казни затвор.
При упаѓањето на територијата на Македонија групата нападна караула на македонската гранична полиција од каде се снабди со поголема клличина лично вооружување. Се тврдеше дека лидерите на терорисичката група добиле околу 2.5 милиона евра за оваа акција, но не се разјасни одкого. На Косово загинатите тероисти добија државни погреби со сите почести а нивните семејства обесштетувња од по 15.000 евра и ги сметаат за „маченици“.

Останати вести