Само еден ден по воведувањето на законот, австралиските тинејџери веќе најдоа начини да продолжат да користат TikTok, Instagram и YouTube. Прајминистерот Ентони Албанезе потсети дека забраната е закон, а не препорака, и дека целта е заштита на менталното здравје на децата.
Законот ги таргетира десетте најголеми платформи, со казни до 49,5 милиони австралиски долари ако не ги блокираат корисниците под 16 години. Владата признава дека ќе треба време за проверки на возраст, но ја префрли одговорноста и на компаниите, не само на родителите.
Иако законот има двопартиска поддршка и одобрување од родителите, практичната примена е предизвик: како да се потврди возраст без собирање лични податоци? Австралија сега станува тест-лабраторија за глобалните прашања на дигитална безбедност и родителска контрола, покажувајќи дека забраната на хартија е полесна од спроведувањето во пракса.