Димитриевски: Претседателските кандидати од помалите партии се невидливи за јавноста

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ (За наша Македонија), Максим Димитриевски, оцени дека претседателските кандидати од помалите партии се речиси невидливи за јавноста, а кампањата не е еднаква за сите.

– Сакам да упатам апел до сите мои противкандидати, првенствено до двајцата најфаворизирани од македонскиот и двајцата најфаворизирани од албанскиот политички блок, да не бегаат од дебата, да им дадат можност на граѓаните да ги слушнат плановите и визиите на сите нас, да кажеме што планираме да работиме од позиција на шеф на државата ако бидеме избрани. Во спротивно, ќе сметам дека бегаат од јавна дебата зашто немаат што да им понудат на граѓаните. Во оваа држава, покрај партиските членства, живеат и други граѓани и имаат право да слушнат што идниот претседател планира  да изреализира од позицијата што ќе ја добие. Недозволиво е за претседателските кандидати кои се најфаворизирани во сите средства за јавно информирање, да бегаат од јавна дебата. Ние, како претставници на граѓаните со граѓанска иницијатива или претставници на мали политички субјекти, сме незабележителни во делот на информирањето, додека останатите кандидати се секојдневно присутни на сите медиуми во закупениот медиумски простор што го налага законот. Не сме еднакви, истакна Димитриевски.

Останати вести