Доминик Пероте бара Квинсленд да се „држи до договорот“ и да ја плати сметка за карантин

Премиерот Доминик Пероте го повика Квинсленд да си ја плати сметката за хотелски карантин од 40 милиони долари, тврдејќи дека Нов Јужен Велс ја направи „тешката обврска“ за време на пандемијата ковид-19.

Додека хотелскиот карантин наскоро ќе стане минато низ поголемиот дел од Австралија, Квинсленд сè уште одбива да си ги плати 40-те милиони долари што ги должи на Нов Јужен Велс за жителите на оваа држава што се враќа во текот на 2020 година и почетокот на 2021 година преку Сиднеј.

Пероте рече дека благајникот на Квинсленд, Камерон Дик е „свесен“ за договорот што го склучил неговиот претходник Џеки Трад и дека треба да го почитува тоа.

„Тој е јасно знае дека договорот го склучи поранешниот благајник Џеки Трад и тие треба да се држат до  договорот“, изјави Пероте.

Поголемиот дел од луѓето кои се враќаа во Австралија долетаа преку Сиднеј.

Владата на Нов Јужен Велс испрати сметка од 30 милиони долари претходно оваа година, на која заменик-премиер на Квинсленд, Стивен Мајлс, одговори со детинеста видео снимка како ја искинува фактурата.

Нов Јужен Велс цело време им го покрива трошокот за карантин до март 2021 година, зголемувајќи го долгот на 40 милиони долари; но владата на Палашчук продолжи да избегнува да ја плати сметката што ја направиле жителите на Квинсленд. Пероте рече дека е „разочарувачки“ што Квинсленд сè уште ја избегнува својата обврска и договор  по речиси две години.

Останати вести