Дончиќ – прв европеецсо титулата за најдобар стрелец во НБА

Лука Дончиќ – суперѕвездата на Далас Маверикс – влезе во историјата на НБА лигата како прв европски кошаркар кој ја завршил сезоната како најдобар стрелец.

Словенецот просечно постигнуваше по 33,9 поени на натпревар и „ја оддува“ конкуренцијата имајќи предвид дека на второто место заврши Јанис Адетокунбо со 30,4, а трет е Шеј Гилџес-Александер со 30,3 поени по натпревар.

Покрај феноменалниот поентерески ефект Дончиќ има просек и од 9,8 асистенции и 9,2 скока по натпревар.

Во исто време, тој е најмлад играч што ја освојува титула за најдобар стрелец во последните 12 години, по Кевин Дурант во 2012.

Во последните 30 години само Џејмс Харден и Коби Брајант имале подобри поентерски сезони од Дончиќ, првиот во два наврата (36,1 и 34,3), а вториот еднаш (35,4).

Само уште еден кошаркар кој не потекнува од САД некогаш бил најдобар стрелец во основниот дел од сезоната – Жоел Ембид од Камерун.

Останати вести